ОГЛАС ЗА УПИС ВО ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ – ООУ „Живко Чинго“ – с. Велгошти, Охрид Учебна 2026/2027 година

ООУ „Живко Чинго“ – с. Велгошти, Охрид, врз основа на Законот за основно образование, објавува оглас за упис на ученици во прво одделение за учебната 2026/2027 година.

Пријавувањето ќе се врши во текот на месец мај, секој работен ден од 08:00 до 14:00 часот, во просториите на училиштето.

За запишување на првоодделенци потребно е родителите да ги достават следните документи:

  • извод од матична книга на родени, без оглед на датумот на издавање,
  • медицинска потврда за комплетно примени задолжителни вакцини,
  • потврда за направен стоматолошки преглед (преглед на забите),
  • потврда за извршен офталмолошки преглед (преглед кај очен лекар).

За стоматолошки преглед може да се закаже термин на телефонскиот број 078/384-557, со закажување кое започнува од 20.04.2026 година, додека издавањето на потврдите започнува од 04.05.2026 година.

Доколку родителот не успее да обезбеди потврда од офталмолошки преглед до 31.05.2026 година, потребно е да достави упат од матичен лекар за закажан термин, а потврдата може да се достави дополнително, најдоцна до почетокот на учебната година.

Право на запишување имаат сите деца родени во 2020 година, како и децата родени до 31 јануари 2021 година, со претходно добиено мислење од лекар и психолог.

Согласно новата реонизација, во реонот на ООУ „Живко Чинго“ – с. Велгошти припаѓаат улиците: Илинденска, Вис, Манастирска, Воденичарска, Никола Карев, Луковска, Александар Турунцев, Ирина Мирка Гинова, како и кракот од улица „Живко Чинго“ што води од „Отпад Охрид“ кон базата на „Трудбеник Охрид“, од лева и десна страна.

Се повикуваат родителите навремено да ги обезбедат потребните документи и да го испочитуваат рокот за пријавување, со цел успешно и непречено запишување на нивните деца.

Директор:
Љубица Ангелоска Кркачоска

Категории
Tweets
Please fill all required widget settings!
Контакт
  • ИЛИНДЕНСКА ББ, ВЕЛГОШТИ, ОХРИД
  • 389(0)46288347
  • ou_zcingo@oouzivkochingo.edu.mk