Постигнувања на учениците

ЈАКИ СТРАНИ:

 

Постигнувањата на учениците се следат континуирано и за секој класификационен период се прават анализи на успехот по

предмети, паралелки, учебни години и класификациони периоди.

–  За секој класификационен период се изготвува и табела со ученици со слаби оцени, во која се гледа етничката

припадност на учениците со слаби оцени.

-Успехот од година во година или од период во период варира незначително, и нема врска со никаква разлика во

однос на пол, националност или етничка основа.

-Идентификација на учениците со тешкотии во учењето, на надарените ученици и учениците со посебни образовни

потреби ја врши одделенскиот раководител, предметните наставници, стручната служба и родителите.

-Во последните две години нема ученици кои го повториле одделението, има мал број ученици  го напуштиле истото заради преселување.

-Наставниците водат евиденција за напредување на секој ученик, ученичко портфолио, во кое се содржани тестови,

наставни листови со повратна информација, чек листи и разни изработки.

-За секој класификационен период се врши анализа на успехот на учениците по паралелки и се прави споредбен успех

по паралелки со минатата година.

                 СЛАБИ СТРАНИ:   

•    Не се прават анализи и споредувања на успехот при премин од основно во средно образование.

•   Редовноста на учениците во доаѓање на училиште во последната учебна година значително е влошена.Има зголемен број на оправдани

и неоправдани изостаноци од настава.

•   Слаба мотивираност на учениците за учество на наградни ликовни и литературни конкурси и натпревари во знаење.

ИДНИ АКТИВНОСТИ:  (Приоритети  во рамките на ова подрачје кои може да бидат вклучени во планот за развој на училиштето)

Ø  Да се создадат услови за анализи и споредувања на успехот при премин од основно во средно образование.

Ø  Да се прави поголема промоција на училиштето со добрите услови за работа за привлекување на поголем број ученици при запишувањето во I одделение.

Ø  Да се настојува да се подобри редовноста во доаѓање на училиште со навремено посетување на матичен лекар,да се сведе на минимум

ослободувањето од настава на учениците од страна на родителите за приватни цели.

Ø  Да се создаваат услови во училиштето за поголема мотивација на учениците на наградни конкурси и натпревари во знаење и спорт.