ИЗВЕШТАЈ ЗА РЕАЛИЗИРАНИ АКТИВНОСТИ ЗА МЕЃУЕТНИЧКА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ООУ „ЖИВКО ЧИНГО” – ВЕЛГОШТИ, ОХРИД

На ден 20.03.2023 год. во спортската сала „Тодор Александров” с. Велгошти, Охрид, беше одбележан патрониот празник на ООУ „Живко Чинго”. По тој повод, во училиштето присуствуваше делегација од партнер училиштето „Фаик Коница” од село Доброште, општина Теарце.

Претставници од нашето училиште заедно со колегите и учениците од училиштето „Фаик Коница” остварија заедничка прошетка низ општините Охрид и Струга, а пред почетокот на свечената програма, присуствуваа и на полагањето свежо цвеќе пред бистата на Живко Чинго

Пригодната свеченост беше збогатена со присуството на делегацијата од училиштето „Фаик Коница” и тоа: директорката на училиштето, Ѓулсер Реџепи, која се обрати пред присутните, координаторот Теута Даути, стручна служба, наставници и ученици. Присутните ученици од училиштето „Фаик Коница” заедно со нашите ученици другаруваа во текот на програмата и беа дел од подготвените музички точки, со изведба на песна на англиски јазик. Во рамките на програмата беше изведен рецитал од „Големата вода” и „Пасквелија”.

По завршувањето на официјалниот дел, дружбата со нашите колеги од партнер училиштето, во опуштена и пријателска атмосфера, продолжи на коктел забава во просториите на училиштето.

 

 

PDF ИЗВЕШТАЈ ЗА РЕАЛИЗИРАНИ АКТИВНОСТИ ЗА МЕЃУЕТНИЧКА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ООУ „ЖИВКО ЧИНГО” – ВЕЛГОШТИ, ОХРИД