Основното училиште „Живко Чинго“ с. Велгошти, Охрид и основното училиште „Владислав Петковић Дис“ од Србија успешно го завршија процесот на збратимување, создавајќи нови можности за размена на знаења, искуства и културни вредности. Ова партнерство резултираше со заеднички активности, часови и натпревари. Освен образовните придобивки, збратимувањето им овозможи на учениците да изградат трајни пријателства и да развијат поголема свест за културната различност и значењето на меѓународната соработка.
Учениците имаа можност да споделат иновативни идеи и проекти, кои ги надградуваат нивните образовни вештини и ги инспирираат за понатамошни успеси. Соработката исто така го поттикна и развојот на критичко размислување и тимска работа, што ќе има позитивно влијание врз нивниот понатамошен развој.
Срдечна благодарност испраќаме до родителите, наставниците, учениците и сите кои, директно или индиректно, учествуваа и помогнаа во збратимување. Нивната поддршка и посветеност беа клучни за успешната реализација на овој проект.
Збратимувањето претставува значаен чекор во унапредувањето на училишниот живот и ја потврдува важноста на соработката за подобра иднина на младите генерации. Со нетрпение ги очекуваме идните заеднички проекти и активности кои ќе продолжат да ги зближуваат двете училишта.