Училишна клима и култура

ЈАКИ СТРАНИ:

ü  Во училиштето постои кодекс на однесување за ученици, наставници и стручни соработници, родители ,кој генерално се почитува и е истакнат на видно место во училиштето.

ü  За секое прекршување на поведението се преземаат навремени мерки

ü  Учениците  ги познаваат правата на децата, со нив се запознаваат од страна на нивните наставници. По многу наставни предмети гизучуваат правата на децата.

ü  Наставниците се однесуваат еднакво и правично кон сите ученици и не прават дискриминација по никаква основа.

ü  Во училиштето се почитува и промовира меѓуетничката интеграција. Се соработува со Партнер-Училиштето со мешан етнички состав „Фаик Коница“ од Тетово.

СЛАБИ СТРАНИ.

ü  Во некои паралелки повремено постои нарушување на работната атмосвера од страна на  поедини ученици, дисциплината во некои паралелки не  е на посакуваното ниво.

ü  Заради пандемијата со Корона вирусот редуцирани се активностите со партнер училиштето ,а се во рамките на проектот МИО

ü  Постои повремено непочитување на наставниците од страна на поедини ученици во предметна настава.

ИДНИ АКТИВНОСТИ:  (Приоритети  во рамките на ова подрачје кои може да бидат вклучени во планот за развој на училиштето

•   Да се почитуваат Кодексот на однесување на ученици, наставници, стручни соработници, родители и Правилникот за изрекување пофалби, награди и педагошки мерки, како и доследно да се спроведуваат.

•   Да се зајкне соработката со родителите заради подобрување на однесувањето на поедини ученици за време на часовите.

•   Кога ќе се создадат услови да  продолжат со физичко присуство  активностите со партнер училиштето во рамките на  проектот МИО