Организација и реализацијана наставата
Award for the best school
ЈАКИ СТРАНИ:
ü Наставните планови и програми во нашето училиште во целост се применуваат од страна на сите наставници. ü Наставниците планираат дополнителна и додатна настава на почетокот од учебната година. ü Според потребите на наставната програма наставниците секој по својот предмет организираат посета на чинители од локалната средина заради проширување на знаењата на учениците. ü Наставниците при подготовката на планирањата имаат целосна поддршка од директорот и психологот , кои понатаму и вршат увид врз планирањата. ü Помеѓу наставниците и учениците постои голема интеракција што се гледа преку употребата на современи методи и техники на учење. ü Условите во нашето училиште се доволни за да ги стимулираат учениците да учат и да постигнуваат повисоки резултати. ü Наставниците во нашето училиште во голема мера ги стимулираат учениците да учат и да постигнуваат повисоки резултати. ü Во рамки на ученичките заедници, одделенските заедници, психологот, наставниците и други надворешни субјекти реализираат работилници со учениците од превентивен карактер. ü Се преземаат активности за здравствена заштита на учениците. ü Нашето училиште во соработка со други фактори и институции спроведува акции за помош на социјално загрозените семејства. ü Училиштето се грижи за изборот на понатамошното образование на нашите ученици. |
СЛАБИ СТРАНИ:
• Во училиштето нема кујна. Учениците купуваат храна од околните продавници или носат од своите домови. • Во училиштето не постојат услови за непречено движење на ученици со телесни пречки . • Немање можност на наставниците и родителите да влијаат врз обемот и содржината на наставните планови и програми • Заради пандемијата со КОВИД 19, не се организираше продолжен престој за учениците од одделенска настава • Училиштето според помал процент на анкетирани ученици не е доволно стимулирачка средина за учење. |
ИДНИ АКТИВНОСТИ: (Приоритети во рамките на ова подрачје кои може да бидат вклучени во планот за развој на училиштет
Ø Изнаоѓање начин за отворање кујна или обезбедување квалитетна храна за учениците внатре во училиштето. Ø Изградба на патека и создавање услови за непречено движење на ученици со телесни пречки (доколку во иднина би имале). Ø Кога ќе се создадат услови да се организира продолжен престој за учениците во училиштето. Ø Да се подобри нагледноста во училиштето, да се мотивираат учениците за постигнување на повисоки резултати во учењето. |