Општинското основно училиште „Живко Чинго‘‘ с. Велгошти
Охрид согласно член 75 став 3 од Законот за основното
образование (Службен весник на РСМ бр. 161/2019) и Правилникот
за номинирање, избор и прогласување на ученик на генерација и
пофалени и ученици при ООУ „ Живко Чинго“ с. Велгошти Охрид,
распишува:
ИНТЕРЕН ОГЛАС
за првенец на генерација во учебната 2023/2024 година
Право на учество за првенец на генерација имаат сите ученици од IX
одделение кои ги исполнуваат следните критериуми:
- Кандидатот да постигнувал среден успех 5.00 на крај на наставната
година од IV до IX одделение; - Кандидатот да бил оценет со примерно поведение на крај на
наставната година од IV до IX одделение; - Да учествувал на училишни, регионални, државни, меѓународни
натпревари или проекти; - Да не бил казнуван со педагошка мерка од било кој вид во текот на
школувањето во училиштето; - Вкупниот број на неоправдани изостаноци во текот на годината да не
биде поголем од 3 (за секоја учебна година одделно); - Во текот на школувањето во училиштето да покажал интерес за
учество во активности, промоции и проекти за унапредување на
училиштето.
Предлог (номинација) за првенец на генерација може да даде
одделенската заедница, одделенскиот раководител, предметен
наставник кој изведува настава во таа паралелка, стручен соработник
или ученикот сам да се кандидира.
Предложениот кандидат за првенец на генерација е должен до
Комисијата за избор и прогласување на првенец на генерација и
пофалени ученици да достави:
Пријава, CV – кратка биографија и соодветна документација со која ја
поткрепува кандидатурата, преку архивата на училиштето најдоцна до
31.05.2024 година.