Управување и раководење

ЈАКИ СТРАНИ:

ü  Целите на училиштето се во согласност со целите на државната и локалната образовна политика.

ü  Училиштето изготвува Самоевалуација на секои две години, а на секои 4 години Програма за развој на училиштето и оттука се поставуваат училишни цели.

ü  Училиштето постојано ги планира и обезбедува материјално-техничките средства, додека постоечките нагледни средства континуирано се одржуваат и  се користат.

ü  Училиштето располага со одлични услови за работа, како инфраструктурни, материјално-технички, така и со богата нагледност која постојано се збогатува.

ü  Училиштетосе труди во секое време има тонер за копирката и принтерите за наставниците и службите.

ü  Се настојува  на наставниците и учениците им  се платени  патните трошоци,  за да учествуваат на натпревари.

ü  Директорот смета дека во рамките на можностите од училиштето се обезбедуваат средства колку што се може максимално за да им се удоволи на сите вработени.

ü  Училиштето располага со училишна библиотека која е добро снабдена со лектирни изданија за учениците.

 

СЛАБИ СТРАНИ:

•   Недостасуваат енциклопедии и  стручна литература во библиотеката , литература на англиски јазик прилагодена на возраста на учениците.

•   Има недостаток од некои  нагледни средства.

•   Недостасува потрошен материјал за наставниците

ИДНИ АКТИВНОСТИ:  (Приоритети  во рамките на ова подрачје кои може да бидат вклучени во планот за развој на училиштето)

Ø  Училиштето да изнајде начини за планирање, обезбедување и еднакво распределување на потрошен материјал за потребите на сите наставници.

Ø  Да се набави стручна литература (речници и литература по англиски јазик ,педагошко-психолошка литература).

Ø  Да се набават потребните енциклопедии и потребната стручна литература

Ø  Да се направи приоритетна листа на нагледни средства и истите да се набават од сопствени средства или од средства од донација .