Денеска во нашето училиште беа доделени пофалниците за учениците со континуиран одличен успех и беше прогласен првенецот на генерацијата 2023/2024 година – ученикот Христо Милески од IX-а одделение.
Директорката Љубица Ангелоска Кркачоска им посака: ,,Драги ученици ви посакувам здравје, среќа и многу успеси во животот! Бидете успешни и добри луѓе, помагајте, сакајте, простувајте и чекорете смело и одлучно по патеката наречена живот. Ви ја посакувам целата среќа на овој свет!‘‘
,,Да се биде првенец на генерација во ООУ „Живко Чинго“ – Велгошти за мене претставува најнапред обврска, а дури потоа чест и иден поттик и мотив кон нови успеси.
Обврска, затоа што ова признаниеме обврзува да продолжам со учење и благородна работа во мојот живот. Упатувам јавна и голема благодарност до сите мои наставници, посебно до мојата класна, на кои сум им неизмерно благодарен; благодарност до моето семејство, кое беше секогаш покрај мене за да ме сака и насочува во мојот живот.
Чест е да се биде првенец на генерација ООУ „Живко Чинго“ – Велгошти затоа што со оваа награда и признание моите наставници ме охрабруваат да се постројам во долгиот ред од интелектуалци, професори и научници кои на Македонија и светотим ги подарило нашето Велгошти, како што е светски познатиот писател Живко Чинго, но и многу други професори, доктори на науки по математика, биологија, право, агрономија, лекари, инженери и општествени работници.
За да бидам првенец на генерација 2023/24 потребно беше континуирано учење со одличен успех и примерно поведение,но и освојување првинагради на општински и регионални натпревари поМатематика, Географија, Македонски јазик и литература,ликовни конкурсии учество на државни натпревари, каде освоив признанија.
Како првенец на генерацијата сум силно мотивиран да продолжам да учам и да се надградувам, зашто верувам дека образованието и воспитанието на младите луѓе им даваат моќ и енергија потребни за да победатво предизвиците и борбите кои претстојат во животот. Ова високо признан ме поттикнува да ја сакам нашата таковина Македонија и да се давам себеси за да го напрам живото поубав за идните генерациите.
Моето идно образование ќе го продолжам во Јахја Кемал (Yahya Kemal College), каде на приемниот испит во силна конкуренција освоив високо трето место, а со тоа и стипендија за моето четиригодишно школување. А потоа? Што и да работам најважно е да бидам човек во вистинска смисла.
Догледање и благодарам мое прво училиште „Живко Чинго“, ќе ми недостасуваш. Во тебе пораснав. Секогаш ќе те имам во спомените моја генерацијо. Ви благодарам почитувани мои наставници за вашиот труд, љубов и трпение кое го имавте кон мене и за сè што ме научивте.‘‘ – кажа Христо Милески