ЈАКИ СТРАНИ:
ü Во училиштето постои кодекс на однесување за ученици, наставници и стручни соработници, родители ,кој генерално се почитува и е истакнат на видно место во училиштето. ü За секое прекршување на поведението се преземаат навремени мерки ü Учениците ги познаваат правата на децата, со нив се запознаваат од страна на нивните наставници. По многу наставни предмети гизучуваат правата на децата. ü Наставниците се однесуваат еднакво и правично кон сите ученици и не прават дискриминација по никаква основа. ü Во училиштето се почитува и промовира меѓуетничката интеграција. Се соработува со Партнер-Училиштето со мешан етнички состав „Фаик Коница“ од Тетово. |
СЛАБИ СТРАНИ.
ü Во некои паралелки повремено постои нарушување на работната атмосвера од страна на поедини ученици, дисциплината во некои паралелки не е на посакуваното ниво. ü Заради пандемијата со Корона вирусот редуцирани се активностите со партнер училиштето ,а се во рамките на проектот МИО ü Постои повремено непочитување на наставниците од страна на поедини ученици во предметна настава. |
ИДНИ АКТИВНОСТИ: (Приоритети во рамките на ова подрачје кои може да бидат вклучени во планот за развој на училиштето
• Да се почитуваат Кодексот на однесување на ученици, наставници, стручни соработници, родители и Правилникот за изрекување пофалби, награди и педагошки мерки, како и доследно да се спроведуваат. • Да се зајкне соработката со родителите заради подобрување на однесувањето на поедини ученици за време на часовите. • Кога ќе се создадат услови да продолжат со физичко присуство активностите со партнер училиштето во рамките на проектот МИО |