ЈАКИ СТРАНИ:
Ø Сиот вработен кадар во училиштето е стручен и распореден соодветно според неговото образование. Ø Психологот постојано дава поддршка на наставниот кадар преку разни методи и форми на работа. Ø Професионалниот развој на наставниците се врши преку посета на семинари и обуки од страна на МОН и БРО и други стручни лица од одредена област, работилници, стручни активи, размена на идеи и искуства меѓу наставниците. |
СЛАБИ СТРАНИ:
· Некомплетна стручна служба.Педагогот кој работеше со половично работно време повеќе не работи во нашето училиште.Училиштето има само психолог, а има потреба и од педагог и од дефектолог. · Обуките и семинарите кои се одржуваат on linne понекогаш се со лош квалитет заради интернет конекцијата, ограничени се временски, недостасува непосредната комуникација . |
ИДНИ АКТИВНОСТИ: (Приоритети во рамките на ова подрачје кои може да бидат вклучени во планот за развој на училиштето)
Ø Постојано да се обезбедува учество на наставниот и останатиот кадар на обуки, предавања, работилници за нивен професионален развој. Ø Да се настојува да се комплетира стручната служба со педагог и дефектолог Ø Да се организираат разни форми на професионален развој (отворени часови, нагледни часови, дебати, акциони истражувања, меѓуучилишна средба). Ø Доколку надлежните МОН и БРО не организираат едукација, самото училиште да се грижи за истото. |