Организација и реализацијана наставата

Award for the best school

ЈАКИ СТРАНИ:

 

ü  Наставните планови и програми во нашето училиште во целост се применуваат од страна на сите наставници. 

ü  Наставниците планираат дополнителна и додатна настава на почетокот од учебната година.

ü  Според потребите на наставната програма наставниците секој по својот предмет организираат посета на чинители од локалната средина заради проширување на знаењата на учениците.

ü  Наставниците при подготовката на планирањата имаат целосна поддршка од директорот и психологот , кои понатаму и вршат увид врз планирањата.

ü  Помеѓу наставниците и учениците постои голема интеракција што се гледа преку употребата на современи методи и техники на учење.

ü  Условите во нашето училиште се доволни за да ги стимулираат учениците да учат и да постигнуваат повисоки резултати.

ü  Наставниците во нашето училиште во голема мера ги стимулираат учениците да учат и да постигнуваат повисоки резултати.

ü  Во рамки на ученичките заедници, одделенските заедници, психологот, наставниците  и други надворешни субјекти  реализираат работилници со учениците од превентивен карактер.

ü  Се преземаат активности за здравствена заштита на учениците.

ü  Нашето училиште во соработка со други фактори и институции спроведува акции за помош на социјално загрозените семејства.

ü  Училиштето се грижи за  изборот на понатамошното образование на нашите ученици.

СЛАБИ СТРАНИ:

•   Во училиштето нема кујна. Учениците купуваат храна од околните продавници или носат од своите домови.

•   Во училиштето не постојат услови за непречено движење на ученици со телесни пречки .

•   Немање можност на наставниците и родителите да влијаат врз обемот и содржината на наставните планови и програми

•   Заради пандемијата со КОВИД 19, не се организираше продолжен престој за учениците од одделенска настава

•   Училиштето според помал процент на анкетирани ученици не е доволно стимулирачка средина за учење.

ИДНИ АКТИВНОСТИ:  (Приоритети  во рамките на ова подрачје кои може да бидат вклучени во планот за развој на училиштет

Ø  Изнаоѓање начин за отворање кујна или обезбедување квалитетна храна за учениците внатре во училиштето.

Ø  Изградба на патека  и создавање услови за непречено движење на ученици со телесни пречки (доколку во иднина би имале).

Ø  Кога ќе се создадат услови да се организира  продолжен престој за учениците во училиштето.

Ø  Да се подобри нагледноста во училиштето, да се мотивираат учениците за постигнување на повисоки резултати во учењето.