Историјат на училиштето ООУ ,, Живко Чинго,, Велгошти

Училишната зграда е од цврста градба изградена 1982 година.

ООУ ,,Живко Чинго“ е лоцирано на јужната страна од центарот на с.Велгошти, само три км оддалечено од градот Охрид. До училишната зграда водат асфалтирани патишта. Училишната зграда е од цврста градба изградена 1982 година , а ставено е во функција од учебната 1983/84.

                Име на училиштето „Живко Чинго“
адреса, општина, место с. Велгошти, Охрид
телефон 046/288-347
фаkс 046 / 288-347
е-маил ou_zcingo@yahoo.com
основано од Собрание на општина Охрид-секретаријат за вонстопанска дејност

 

Верификација- број на актот 04-3266/7
Година на верификација 03.06.1985 година
Јазик на кој се изведува наставата македонски
Година на изградба 1982
Тип на градба цврста
Површена на објектот 1400 m2
Површина на училшниот двор 800 m2
Површина на спортски терени и игралишта 1300m2
Училиштето работи во смена Во две смени
Начин на загревање на училиштето Со сопствено парно греење на нафта
Број на одделенија 9
Број на паралелки 18
Број на смени 2
Статус на еко-училиште (зелено знаме, сребрено или бронзено ниво) /
Датум на добиен статус /
Вкупен број на училишни згради 1
Број на подрачни училишта /
Бруто површина 2200m2
Нето површина 1400 m2
Број на спортски терени 1
Број на катови 2
Број на училници 11
Број на помошни простории 9
Училишна библиотека 1
Начин на загревање на училиштето Со сопствено парно греењена нафта

Мотото на нашето училиште е:

Вчера бев паметен. Сакав да го променам светот. Денес сум мудар. Сакам да се менувам себе си

Слогани на нашето училиште:

          “Воспитан и образован човек е комплетна личност.”

                “Знаењето прави да се гордееш со себе.”

“Биди толерантен, залагај се за ненасилно однесување.”

“ Почитувај ги другите кои се различни од тебе за да те почитуваат и тие

НАШЕТО УЧИЛИШТЕ ЌЕ БИДЕ ЕДУКАТИВЕН ЦЕНТАР ЗА УЧЕНИЦИ И НАСТАВНИЦИ ВО КОЈ ЌЕ СЕ ВОСПОСТАВАТ ВИСОКИ ОБРАЗОВНИ СТАНДАРДИ .

УЧИЛИШТЕТО ЌЕ БИДЕ РАСАДНИК НА ТАЛЕНТИ,

ПРЕКУ АФИРМАЦИЈА НА СЛОБОДНИТЕ УЧЕНИЧКИ АКТИВНОСТИ УЧЕНИЦИТЕ ЌЕ ГО ПОМИНУВААТ СЛОБОДНОТО ВРЕМЕ НА ОРГАНИЗИРАН НАЧИН ВО УЧИЛИШТЕТО.

УЧИЛИШТЕТО ЌЕ БИДЕ ЧИСТА, ЗДРАВА И И ХОРТИКУЛТУРНО УРЕДЕНА СРЕДИНА ЗА УЧЕЊЕ. ВО НЕГО ЌЕ СЕ ДОСТИГНАТ СИТЕ ЕКО-СТАНДАРДИ.

2.3.ПРОСТОРНИ УСЛОВИ

 

Училиштето располага со 10 училници кои ги задоволуваат педагошко – психолошките стандарди за изведување настава во нив, 1 кабинет по информатика -опремен со компјутери , една просторија опремена со нагледни средства-медиотека,

4 помали простории во кои се чуваат нагледни средства и стручна литература по наставните предмети: математика-физика, географија-историја,македонски јазик-странски јазици и биологија-хемија .Училниците се опремени со компјутери (вкупно 168 од кои поголемиот број се нефункционални).Има и 96 лап топ компјутери за учениците од одделенска настава  кои  се нефункционални и не се употребуваат.Училиштето поседува

4 канцеларии за: наставници, за директор, за секретар и  книговодител, за психолог,

4 помали простории од кои  една е за архива, една е работилница за хаус мајстор – домаќин, една е приспособена за чајна кујна една просторија за хигиеничари, библиотека,санитарни јазли на трите нивоа и котлара. Просторот на приземје кој порано се користеше како кујна и трпезаријa е пренаменет во детска градинка и изнајмен на Министерството за труд и социјална политика.Тука се згрижуваат децата од предучилишна возраст од с.Велгошти.

 

Oпрема и наставни средства

 

Училишните простории се опремени со училишен и канцелариски мебел. Некои од училниците се обезбедени  со ормар во кој се чуваат некои нагледни средства и изработки од учениците.Исто така ормари за чување на изработките од децата по наставни предмети се поставени во холот на вториот кат.Клупите и столчињата се нови и зачувани , набавени се пред  неколку години.

Од наставна техника училиштето поседува: 7 телевизори 2 графоскопи;

1 видеорекордер; 1 ДВД плеер, 1 автоматски проектор; 1 неисправен механички проектор; 1 кинопроектор од 8 мм; 1 радио; 2 касетофони; 3 лаптоп компјутери; 5 ЛЦД проектори; 3 ЦД плеери; 3 факс машини со копирка и скенер; мини камера за снимање , 2 флип чарт табли, 1 помала копирка ,1 голем фотокопир ,2бели табли донирани од општина 12 нови компјутери и опрема за кабинет по биологија, хемија и природни наукикоја се состои од:Лабараториска маса за наставник,4 елементи со кадичка –мијалник,плакар за чување опрема,метален плакар,8 маси за ученици,21 лабараториско столче,а од дополнителна опрема училиштето доби : безбедносна запалка,постер со периоден систем на елементите, електричен бокал,канти за лабараториски отпаден материјал,противпожарен сет,постер со мерни единици во SI систем, тапи за епрувети.

Во 7 училници се поставени телевизори кои се користат во воспитно-образовниот процес.Во 4 училници се поставени смарт табли ,со што училиштето има создадено современи услови за реализација на наставата.

Секоја учебна година нагледноста во училиштето се повеќе се подобрува, а исто така и оваа учебна година ќе се настојува да се збогати нагледноста .

Училиштето располага со голем училишен двор, во чиј склоп постои уреден спортски терен за фудбал, ракомет и одбојка.

Истиот минатата учебна година беше комплетно уреден од страна на општина Охрид, поставени се и мрежи околу игралиштето и во спортската сала за безбедно играње на повеќе спортови. Во непосредна близина на училиштето се наоѓа спортската сала Тодор Александров каде се изведува наставата по Физичко и здравствено образование,како  и бројни општински и регионални натпревари во спорт,меѓу основните и средните училишта.

Училиштето располага со 3 финансиски  сметки.

-Општинска која служи за исплата на плати на вработените и блок дотации за исплата на достасани сметки за струја, вода и телефон

-сопствена сметка  на која достасуваат средства од изнајмување на училишен простор-(спортска сала на спортски друштва и  детската градинка која е во склоп на училиштето, а е во сопственост на министерството за труд и социјална политика ).

-буџетска сметка на која се добиваат буџетски средства за исплата на превоз на учениците до училиштето и исплата на нафтата за загревање на училишните простории.

Финансиското работење на училиштето е под надзор на надлежните институции во општината и државата како  и училишниот одбор кои редовно имаат увид врз него.

 

 

Мисија  и визија на училиштето

 

    Мисија на училиштето

 

Мисијата на нашето училиште е преку еднакво и квалитетно образование за сите да се формираат зрели образовани и воспитани млади личности, кои успешно ќе се вклучат во тековите на современото општество и ќе учествуваат во неговото креирање. Училиштето е безбедно место за учење и работа, место каде наставниците континуирано професионално се усовршуваат за да може да реализираат современа и квалитетна настава приспособена на потребите и интересите на учениците. Исто така училиштето е место каде се преземаат најразлични активности за подржување партнерски односи меѓу учениците, наставниците и родителите.

 

Нашето училиште нуди воспитно – образовни услуги за учениците од населеното место Велгошти, индивидуално напредување на секој ученик според своите можности, користење на што повеќе наставни нагледни средства во наставата. Вработените максимално ќе се залагаат училиштето да биде безбедно место за учење и престој на учениците. Ќе се настојува кај учениците да се создава чувство за почитување на другите, различните од себе, во поглед на вера, нација, јазик, култура, традиција и обичаи.

 

Мотото на нашето училиште е: Вчера бев паметен. Сакав да го променам светот. Денес сум мудар. Сакам да се менувам себе си.

 

Слогани на нашето училиште:

 

“Воспитан и образован човек е комплетна личност.”

“Знаењето прави да се гордееш со себе.”

“Биди толерантен, залагај се за ненасилно однесување.”

“ Почитувај ги другите кои се различни од тебе за да те почитуваат и тие тебе  ’’

 

 Визија на училиштето

 

Стремежите на нашето училиште првенствено се насочени кон обезбедување на поволна социјална клима и унапредување на комуникацијата на релација училиште – ученик – семејство, подобрување на условите за работа, користење современи форми,методи и техники на работа.  Ќе се залага за поголема безбедност на учениците во училиштето.

Ќе настојува да им обезбеди еднакви можности на сите ученици до максимум да ги искористат своите капацитети за да стекнат знаења, способности и вештини кои им се неопходни за секојдневно функционирање и продолжување на образованието.  Истовремено да ја развие кај учениците свеста за правата, обврските и меѓусебното почитување,во училиште и почитување на другите луѓе без оглед на нивната национална и верска припадност.

Слика Од Живко Чинго